Македонија Денеска ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“

Денеска ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“

Денеска во Скопје, по шести пат, ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“ под мотото „Стари бабини рецепти во ново гуманско руво“, на која ќе биде презентирана македонската храна подготвена според традиционален рецепт.

На манифестацијата ќе биде презентиран и проектот „Конзервираме заедно“, како дел од програмата „Еразмус плус“.

Првпат годинава ќе биде промовирана и новоформираната Алијанса на готвачи, чија цел е со традиционални локални производи да се готват современи јадења и да се промовира здравата традиционална храна.