Македонија Денеска ќе се одлучува за одземање на пратеничките мандати на опозицијата

Денеска ќе се одлучува за одземање на пратеничките мандати на опозицијата

Денеска, во 14 часот, во Собранието ќе се одржи 28. седница на која треба да се одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.

Опозициските пратеници, со исклучок на три пратенички, по вонредните паралментарни избори, донесоа одлука да не учествуваат во работата на парламентот.

Тие поднесоа оставки до Собранието, но седницата за нивно прифаќање беше прекината и беше оставена можност за надминување на ситуацијата преку разговори меѓу власта и опозицијата.

За одземање на мандатите потребно е двотретинско мнозинство, односно 82 гласа.