Македонија Денеска ќе се избира потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ

Денеска ќе се избира потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ

Собранието денеска ќе одржи две седницци на кои ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска-Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ.

Пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела.

Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, а Хари Локвенец на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

На дневен ред се и неколку закони во второ читање.