Македонија Денеска дожд и снег

Денеска дожд и снег

Времетo денеска во Македонија ќе биде облачно, со слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Ќе има услови за слаб дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од -7 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 2 до 8 степени.

Во Скопје се очекува облачно време, со услови за провејување слаб снег, особено во вечерните часови.

Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 4 степени.