Македонија Денес се одбележува Светскиот ден на сидата

Денес се одбележува Светскиот ден на сидата

Денеска, во 11 часот, пред платото на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, ќе се одржи едукативен  настан (делење летоци и кондоми „дурекс“), по повод Светскиот ден на сидата. Мотото на настанот е „Уживај во животот, преземи контрола, Стоп СИДА“, а ќе го организира Сојузот на студенти по медицина на Македонија, во соработка со Студентскиот парламент на Универзитетот.

Во 12 часот, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ќе се одржи трибина од претставниците на асоцијацијата ХЕРА, а во средните училишта „Здравко Цветковски“ и „Зеф Љуш Марку“ ќе има едукативни предавања.