Главна секција Демонстрантите пристигнаа пред Собранието

Демонстрантите пристигнаа пред Собранието

Откако полицискиот кордон спречи демонстрантите да се упатат пред зградата на МВР, тие се вратија пред Собранието.

Преку трансапренти на кои пишува „Сите сме нечиј Мартин“, „Сите имаме наш Мартин“, „Вие имате Мартин“, „Како си ги гледате децата после нас“, „Имате моќ, искористете ја правилно“, како и преку карикатура на министерката Гордана Јанкулоска, на која пишува „човечиња“, тие го изразуваат револтот против полициската бруталност и прикривањето на убиството на Мартин Нешковски.

Граѓаните денеска четврти пат, прво се собраа пред Владата на Република Македонија, а бидејќи не им беше дозволено да се приближат до зградата, се упатија кон МВР, каде беа пресретнати од полицискиот кордон кој не им дозволи да продoлжат понатаму и да се движат кон објектот. Таму извикуваа „Полициска држава“ и „Оди си Никола“.

Групата протестираше и пред зградата на премиерот Никола Груевски, каде што извикуваа „Излези диктаторче“ и „Миле, ми текна…“.