Македонија Демонстрантите и вечерва побараа оставка од Владата

Демонстрантите и вечерва побараа оставка од Владата

Активистите од граѓанското движење „Протестирам“ и  вечерва побараа оставки од Владата и ослободување на сите активисти кои се притворени поради учество на протестите што се одржаа на 5 мај.

Демонстрантите вечерва останаа пред Влада и ја немаа вообичаената маршута Влада – Основен суд 1 – Собрание.

И денеска протестите, наместо пред Владата, се одржаа кај крстосницата на булеварот Климент Охридски.

Демонстрантите утре ќе протестираат во 13 часот пред Основниот суд и ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи во 14 часот пред Владата.