Галерија Демонстрантите тргнаа кон Собранието

Демонстрантите тргнаа кон Собранието

Демонстрантите од пред Владата на Република Македонија, поради блокадата, решија да го променат местото на протест и се упатија кон Собранието.

Процените се дека на улиците има повеќе од илјада лица и повеќе стотини полицајци.

Полицијата не ги пушти демонстрантите да протестираат пред Владата, а кордон од специјални единици го блокираше придот на раскрсницата помеѓу булеварите Свети Климент Охридски и Илинден.

На протестите се приклучија и студентите од „Студентски пленум“, но просторот кој им беше оставен за протестирање е мал и нема многу простор за движење.

Протести против полициската бруталност се одржуваат и во Битола и во Прилеп.