Главна секција Демонстрантите фрлаа јајца и шишиња кон Собранието и полицијата

Демонстрантите фрлаа јајца и шишиња кон Собранието и полицијата

Демонстрантите кои се пред Собранието на Република Македонија почнаа да фрлаат со јајца кон зградата и со шишиња кон полицијата.

Некој фрли факел пред полицијата, а присутните му свикаа да не го прави тоа.

Се чувствува поделеност кај присутните во однос на тоа како да продолжат – дали мирно или посилно да се бараат оставки и промени.

Групата извикува „уа, уа“, „оставка, оставка“ и „готово е Никола“ и предпредува дека постои можност меѓу нив да има и провокатори кои намерно сакаат да предизвикаат судир.

Откако пристигнаа, седнаа на улицата, ја пееја химната на Македонија и запалија свеќи.

Насобраните со едноминутно молчење, истовремено со оние кои протестираат во Битола и во Прилеп, му одадоа почит на убиениот Нешковски.

Забележително е големо присуство на полицијата, а блокирани се приодите на улицата која води кон Бит-пазар.

На моменти станува тензично пред Собранието. Група демонстранти фрла со шишиња кон полицајците. Во еден момент девојки од групата станаа со жив штит да ги бранат полицајците.

Демонстрантите, иако беше планирано да протестираат пред Владата, поради блокадата се упатија кон Собранието.