Свет Европа Делови од проектил најдени на местото на падот на МХ17

Делови од проектил најдени на местото на падот на МХ17

Фрагменти, за кои постојат сомневања дека се од руски ракетен систем, се најдени на местото каде што се урна малезискиот авион МХ17 во Украина, соопштил холандскиот тим кој ја води истрагата за случајот, јавува „Би-Би-Си“.

Советот за безбедност на Обединетите нации, на крајот на јули поднесе резолуција за воспоставување меѓународен трибунал за падот на патничкиот авион МХ17 на компанијата „Малезија ерлајнс“, на што Москва веднаш одговори со вето и со блокада на документот.

Украина и Западот ги сомничат проруските и руските војници на истокот на Украина дека со ракета земја-воздух го собориле авионот, во кој 200 од 298 патници беа Холанѓани.

Русија негира каква било одговорност за падот на авионот, кој се случи во јули 2014 година.