Македонија Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа. Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Република Босна и Херцеговина.

Цвеќе положија и делагации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и на здруженија на граѓани.