Македонија Делегации од МВР ќе им оддадат почит на полицајците загинати во Диво...

Делегации од МВР ќе им оддадат почит на полицајците загинати во Диво Насеље

Делегации од Министерството за внатрешни работи, предводени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и од директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, денеска и утре ќе присуствуваат на помен и ќе им оддадат почит на припадниците на МВР што загинаа за време на настаните во Диво Насеље.

Како што е најавено, во делегациите од МВР кои ќе им оддадат почит на загинатите припадници од полицијата во Диво Насеље, ќе бидат и високи полициски старешини заедно со командантите на ЕБР и на ЕСЗ.