Македонија Дел од фасада падна на „Рекорд“, нема повредени лица

Дел од фасада падна на „Рекорд“, нема повредени лица

Пријавата стигнала преку Единствениот број за итни случаи 112, по што Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја известил Општина Центар

Извор на фотографија: Центар за управување со кризи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево соопшти дека паднал дел од фасада на зграда на „Рекорд“ во центарот на Скопје. Нема повредени лица, но постои опасност да паднат и други делови од фасадата на овој објект. Станува збор за фасада од објект на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” – во близина на Министерство за правда.

Пријавата стигнала преку Единствениот број за итни случаи 112, по што Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја известил Општина Центар.

„Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица, тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа“, соопштија од ЦУК.