Спорт Де Хеа останува во Јунајтед за двојно поголема плата

Де Хеа останува во Јунајтед за двојно поголема плата

Голманот на Манчестер jунајтед, Давид де Хеа, наскоро ќе го продолжи договорот со англискиот клуб до 2020 година, пренесува „Дејли експерес“.

Де Хеа одби да премине во мадридскиот Реал, бидејќи, како што многупати изјавуваше, особено e задоволен на „Олд Трафорд“.

Шпанскиот чувар на мрежата со новиот договор неделно ќе заработува 140.000 фунти, што е двојно повеќе во однос на претходно.
Сезонава Де Хеа доминира на голот на Јунајтед, директно е одговорен за најмалку десет освоени бодови во Премиер-лигата. Тој во 2011 година премина од мадридскиот Атлетико во Јунајтед каде досега има одиграно 154 натпревари.
За А-репрезентацијата на Шпанија настапи трипати.