Свет Давутоглу го спореди Асад со Хитлер и со Милошевиќ

Давутоглу го спореди Асад со Хитлер и со Милошевиќ

Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу, ја отфрли можноста за средба со сирискиот претседател Башар ал Асад, истакнувајќи дека тоа би било исто како да се ракува со Адолф Хитлер, Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ или со Садам Хусеин.

Реакцијата на Давутоглу следува по изјавата на државниот секретар на САД, Џон Кери, дека Вашингтон ќе мора да преговара со Асад за да се постигне мир. Изјавата на Кери предизвика бурни реакции во Турција.

Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со објаснување на изјавата на Кери, наведувајќи дека сирискиот претседател, поради извршените злодела, никогаш нема да биде дел од мировните преговори.