Свет Давутоглу ја обвини Русија дека спроведува кампања за етничко чистење во Сирија

Давутоглу ја обвини Русија дека спроведува кампања за етничко чистење во Сирија

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска ја обвини Русија дека спроведува кампања за етничко чистење во Сирија и помага во зајакнувањето на џихадистите од Исламска држава.

– Русија се обидува етнички да ја исчисти северна Латакија за да протера припадници на турската и на сунитската популација кои немаат добри односи со сирискиот режим – изјави Давутоглу.

Турските власти наведуваат дека руските воени напади во Сирија придонеле за зајакнување на Исламска држава бидејќи, како што тврдат, пукале во припадници на умерената сириска опозиција.