Македонија Врховен суд в понеделник ќе каже дали го укинал притворот на Кочан

Врховен суд в понеделник ќе каже дали го укинал притворот на Кочан

Притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го води Специјалното јавно обвинителство, е укинат, јави „Алсат – М“.

Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден. Со ова, наводно, се поништува домашната и меѓународната потерница за Кочан, распишана уште пред речиси два месеци. Кочан оттогаш е во бегство.

Од Врховен суд, каде всушност се наоѓа предметот, ни рекоа дека одлука е донесена, но за нејзината содржина ќе може да се зборува дури следниот работен ден, односно в понеделник.

На интернет-страницата на судот нема објавено таква одлука.