Забава „Д фестивал“ во Дојран ќе почне следната недела

„Д фестивал“ во Дојран ќе почне следната недела

За седум дена во Дојран ќе почне „Д фестивал“. На трите сцени ќе има повеќе од 30 артисти, групи и многу диџеи.

Главната програма се случува на паркиралиштето Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран. Тука ќе биде поставена голема сцена со сè што е потребно за вистинско фестивалско доживување.

Ќе настапат „Љубојна брас фантази“, „Фолтин“, Ману Чао Ла Вентура, Џајковски и Ти-Кеј Вондер и други.