Подглавна секција ЦУК: За еден ден имало 42 пожари, од кои активни во моментот...

ЦУК: За еден ден имало 42 пожари, од кои активни во моментот се 11

Шест пожари се под контрола, додека 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи

Фото: ЦУК

Во последните 24 часа во земјава имало 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 11 се активни. Шест пожари се под контрола, додека 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Во моментов гори борова шума во Општината Македонски Брод во резерватот Јасен, букова шума и ниска вегетација на Галичица во Општините Ресен и Охрид, мешана шума во Дебар во селото Гари на планината Стогово, како и високо квалитетна дабова шума во Општина Чашка во селото Мокрени.

Од ЦУК информираат дека во моментов активни се пожари и во Општината Долнени во селото Дебреште, во Општина Кичево во селото Цер на планината Лубин, во Општина Пласница, Општина Долнени во селото Небрегово, во Општината  Пробиштип во селата Неокази, каде горат борова шума и сончеви панели и селото Трипатанци и во Општина Маврово-Ростуше, во селото Врбен каде гори мешана шума.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола се шест пожари на отворено во Општините Кичево, Новаци,  Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево и Чашка.