Македонија ЦУK: Во пожар кај селото Селемли експлодираа гранати од Прва светска војна

ЦУK: Во пожар кај селото Селемли експлодираа гранати од Прва светска војна

„Пламените јазици се движат кон грчка територија и за тоа се известени грчките власти за да бидат подготвени за гасење на нивна страна“, информира директорот Стојанче Ангелов

Фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Денеска на пладне избил голем пожар на границата со Грција, меѓу Богданци и Дојран, каде што се слушале силни експлозии на гранати од Првата светска војна, информираа во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот е во атарот на селото Селемли, но поминува преку линија на фронт од Првата светска војна, каде што има многу мини и гранати кои досега не беа експлодирани. Сега по избувнувањето на пожарот, слушнати се најмалку четири силни експлозии. Не е безбедно пожарникарите да се приближат до местото бидејќи е небезбедно. Ќе се гаси со вода и пена, активни се два ер трактори кои веќе исфрлија вода. Пламените јазици се движат кон грчка територија и за тоа се известени грчките власти за да бидат подготвени за гасење на нивна страна“, информира директорот Стојанче Ангелов.