Македонија Со хеликоптерска помош ренџери гасат пожар на Шара

Со хеликоптерска помош ренџери гасат пожар на Шара

Исто како и во петок и вчерашниот ден се очекува дека денеска со зголемување на температурата и зајакнувањето на ветрот горењето повторно можно да биде обемно - информираа од националниот парк.

На територијата на Национален Парк „Шар Планина” има активен пожар при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат со овој се уште активен пожар.

Исто како и во петок и вчерашниот ден се очекува дека денеска со зголемување на температурата и зајакнувањето на ветрот горењето повторно можно да биде обемно – информираа од националниот парк и побараа воздупловна помош од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Хеликоптер на МВР веќе дејствува.