Македонија ЦУК: Активен пожар под Солунска Глава на висок и непристапен терен

ЦУК: Активен пожар под Солунска Глава на висок и непристапен терен

Над село Белица под Солунска Глава, гори ретка борова шума, сува трева и грмушки

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од секторот за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 11, oд кои во моментов актиен е уште еден.

„Се работи за општина Македонски Брод, над село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во гасењето на пожарот интервенирале тројца пожарникари со едно теренско возило од територијалната противпожарна единица“, наведено е во соопштението на ЦУК.

Оттаму додаваат дека другите изгаснати пожари биле во општина Чашка, општина Арачиново, општина Гази Баба и други.