Македонија ЦУК: 448 пожари на отворен простор во февруари

ЦУК: 448 пожари на отворен простор во февруари

Посочуваат дека од вкупниот број на пожари, во 256 случаи гореле стрништа и висока трева, во 128 пожари ниска вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација) и 42 биле шумски пожари.

Фото: Порталб.мк

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во февруари заклучно со вчерашниот ден низ земјава имало вкупно 448 пожари на отворен простор.

Посочуваат дека од вкупниот број на пожари, во 256 случаи гореле стрништа и висока трева, во 128 пожари ниска вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација) и 42 биле шумски пожари.

Во февруари имало и 22 пожари во депонии.

Од ЦУК напоменуваат дека состојбата е слична и во соседна Србија каде, како што велат, има невообичаено голем број на пожари на отворено за овој период од годината.