Главна секција ССМ сака, ама се плаши да го поддржи К-15

ССМ сака, ама се плаши да го поддржи К-15

Денеска потписниците на Синдикалната повелба, по повод преговорите на ССМ со Организацијата на работодавци за исплата на К-15 во приватниот сектор, требаше да ја соопштат одлуката за тоа дали К-15 останува или се укинува.

Прес-конференцијата беше закажана во 11 часот пред зградата на ССМ.

Додека се чекаа изјавите од претставниците на ССМ и на Организацијата на работодавци, пред новинарите изјави дадоа претставниците на Конфередацијата на слободни синдикати, „Солидарност“ и на „Ленка“, соопштувајќи го својот став зошто К-15 не треба да се укине.

Во меѓувреме, вработен на портирница ги извести новинарите кои случајно беа влезени во зградата за да се засолнат од жештината, дека прес-конференција нема да има, туку од ССМ ќе испратат соопштение до медиумите.

– Живко се плаши да не го „нападнеме“ – искоментира една новинарка.

Имајќи предвид дека станува збор за организација што ги застапува правата на работниците, тие, во поглед на нашата професија, најмалку беа испочитувани. Што со одлуката прес-конференцијата да се одржи пред зграда на 38 Целзиусови степени, што со одлуката во последен момент да се одлучи да нема изјави. И притоа никој од засегнатите страни, да не излезе пред новинарите.

Имајќи го предвид односот спрема еснафот, останува да ги прашаме чии интереси застапува синдикатот?