Култура Четврта самостојна изложба на Кристина Зимбакова

Четврта самостојна изложба на Кристина Зимбакова

Изложбата ќе биде поставена од 18ти ноември до 3ти декември

Во вторник, со почеток во 19 часот, во Порта „Македонија“, ќе се отвори четвртата самостојна изложба на Кристина Зимбакова, насловена „Пупки во бурата“. Таа на изложбата ќе се претстави со слики во комбинирана техника, создадени во последните неколку години. Одлики на нејзиното творештво се експресивниот и симболичен израз, вметнувањето мотиви од поезијата на Силвија Плат и на Ен Секстон, текстуални елементи и габи како медиум.

На сликите, освен акрил, смола и рачен вез, таа користи и невообичаени материјали, како дрвени струготини, влакна од коноп, рафија, пеперутки, афионово семе, чевли. Габите, лишаите и пеперутките се добиени од збирки или теренски истражувања во соработка со природни научници.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Ферид Мухиќ, а ќе трае до 3 декември.