Дописници Четворица штрајкувачи во цела Источна Македонија

Четворица штрајкувачи во цела Источна Македонија

Штрајкот на СОНК не е поддржан од институциите во градовите од Источна Македонија. Во училиштата нормално се работи, а така е и во инстутуциите од областа на културата. Единствените четворица штрајкувачи се регионалните лидери на СОНК.

Штипскиот регионален претставник, Марјан Костадиновски, веќе трет ден е осамен во штрајкот во неговото матично училиште „Ванчо Прке“. Тој вели дека е нормално да штрајкува и да ги поддржи барањата, кои се произлезени од члeнството на СОНК, односно од неговите колеги.

Наставниците и професорите од Источна Македонија ги поддржуваат барањата на СОНК, но сметаат дека штрајкот не е начин да се дојде до нив.