Хроника Четворица нападнале келнер и кршеле стакла во кафеаната „Ксмет“

Четворица нападнале келнер и кршеле стакла во кафеаната „Ксмет“

Дваесет и едногодишно момче од Крива Паланка, вчеравечер било приведено во полицијата, откако заедно со уште три непознати лица предизвикало инцидент во угостителскиот објект „Ксмет“, информираат од полицијата.

Инцидентот се случил околу 3.40 часот, кога Н.Ц. и останатите тројца физички го нападнае келнерот во „Ксмет“ и искршиле две изложни стакла од објектот.

Момчето е приведено во полициската станица Центар.