Македонија Четири нови случаи на голема кашлица во земјава

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава

Бројот на заразени во земјата сега изнесува 22

Фото: Министерство за здравство

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во државата, соопшти портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Со овие случаи, вкупниот број заразени е 22, од почетокот на годината. Има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис (голема или магарешка кашлица).

Комисијата вчера предложи прогласување епидемија на територијата на Скопје. Се чека конечна одлука од Министерството за здравство, односно од Владата.

Од Комисијата вчера препорачаа забрана за прием и упис на деца кои не се вакцинирани за пертусис во градинките. Фокусот е на заштита на најмалите, кај кои оваа болест може да биде и е практично најтешка. Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација.

Сепак, надлежните велат дека состојбата во Македонија е стабилна. За разлика од други држави во регионот, не се досега забележани смртни случаи.