Македонија Четири лица претепале овчар, па го врзале за дрво

Четири лица претепале овчар, па го врзале за дрво

Настанот се случил вчера претпладне на местото викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари

Photo by Pawan Sharma on Unsplash

Четири лица физички нападнале, а потоа врзале за дрво 53-годишен жител на кочанското село Нивичани. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

53-годишниот Г.К. од Нивичани работел како овчар. Набргу откако четворицата напаѓачи го врзале за дрво, истиот бил пронајден од жител на Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип. Таму му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош.

Од МВР информираа дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.