Македонија Четири деца спасени од снежното невреме

Четири деца спасени од снежното невреме

Четири лица се спасени откако биле завеани во автомобил  на патот Бошков мост – село Лазарополе, информираше Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

– ДЗС спаси и четири деца и едно повозрасно лице завеани во село Гари, кои беа пренесени на безбедно место – изјави Салиу.

Дирекцијата, додаде тој, интервенирала со 18 машини за чистење на снегот и со 14 камиони, со околу 800 тони ризла на пунктовите на ЈП „Македонија пат“.