Свет Европа Чавушоглу: На секој чекор на Берлин, Турција ќе направи два

Чавушоглу: На секој чекор на Берлин, Турција ќе направи два

Доколку Германија направи еден чекор, Турција ќе направи два во нормализација на билатералните односи, порача турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.

Тој го изјави ова во интервју за телевизијата „А Хабер“ откако германската канцеларка Ангела Меркел на изборите обезбеди четврти мандат.

– Германија би требало да учи на своите грешки – рече Чавушоглу, на барањето да ги искоментира односите на двете земји, кои беа заострени изминатите месеци поради несогласувања околу повеќе прашања.