Македонија Чавков и Савовоски денеска во посета на месната заедница Тоде Мендол во...

Чавков и Савовоски денеска во посета на месната заедница Тоде Мендол во Куманово

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанчо Савовски, денеска во 13.30 часот, во просториите на невладината организација „Мултикулти“, во Куманово, ќе имаат работна средба со претставниците од месната заедница Тоде Мендол, и со претставници на невладиниот сектор.

Како што информираат од МВР, целта на посетата е да се направи „согледување на моменталната состојба на подрачјето на засегнатата месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и за зајакнување на комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните“.