Македонија Царината на „Деве Баир“ привремено одзеде 100.000 швајцарски франци најдени кај шофер...

Царината на „Деве Баир“ привремено одзеде 100.000 швајцарски франци најдени кај шофер на автобус

Извор: Царинска управа на РСМ

При контрола на автобус пријавен за излез од земјава на граничниот премин „Деве Баир“, царински инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци од шофер на автобус, информираат од Царинската управа на РСМ.

„На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, информираат од Царинската управа.

Девизните средства се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Крива Паланка.