Свет Европа Бундестагот гласа за мисија против ИД

Бундестагот гласа за мисија против ИД

Германскиот парламент денеска гласа за воена поддршка во борба против Исламска држава во Сирија, а се очекува пратениците да го поддржат овој контроверзен план.

Гласањето следи по францускиот апел и по терористичките напади во Париз од 13 ноември, кога загинаа 130 луѓе.

Иако пратениците изразиле загриженост поради најавената воена мисија, министрите веруваат дека Германија сега е мета на Исламска држава и сакаат да покажат солидарност со Франција.

Во случај пратениците да ја одобрат мисијата, Германија ќе испрати извидувачки авион „торнадо“, една фрегата и 1.200 војници. Сепак, германските сили нема да бидат директно ангажирани во борбените операции.