Свет Балкан Бугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил смртна закана, јавуваат бугарските медиуми.

На адреса на владата во Софија стигнало писмо со фотографија од Борисов, куршум и заканувачка порака, јавуваат медиумите, повикувајќи се на извори на безбедносните служби.

Борисов вели дека не е загрижен и оти сè се случува поради неговата борба против корупцијата и шверцот.

Бугарскиот премиер минатата недела нареди да се запрат сите сомнителни јавни набавки, меѓу кои и изградбата на дел од автопатот „Хемус“, вреден половина милијарда евра.

Борисов добивал закани и додека бил на функцијата директор на бугарската полиција.