Македонија Бугарија ја засилува со војска границата со Македонија

Бугарија ја засилува со војска границата со Македонија

Бугарија испраќа оклопни возила на четири гранични премини со Македонија,  за да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив на бегалци.

„Сакаме превентивно да го засилиме чувањето на границата која ја обезбедува пограничната полиција“, објаснуваат од бугарското министерство.

Вкупно 25 војници и неколку оклопни возила се упатени на бугарско – македонските премини, но нивниот број може да се зголеми ако биде потребно.