Македонија Бугарија има 32 милионери

Бугарија има 32 милионери

Лани во Бугарија имало 32 милионери, објави бугарската Национална агенција за приходи (НАП).

Последниот додаден на листата милионери, како што јави БТА, е еден жител на бугарскиот град Трговиште, кој лани заработил 1,74 милиони лева (речиси 890.000 евра), со што се наоѓа на 13. место на најбогатите Бугари.

Најголемиот број од бугарските милионери, дури 20, живеат во Софија, а по двајца во Шумен, Стара Загора и во Русе. По еден милионер, покрај Трговиште, имаат и Велико Трново, Враца, Пловдив, Варна и Бургас.