Главна секција Бубевски: Бараме притвор за Груевски за да обезбедиме негово присуство

Бубевски: Бараме притвор за Груевски за да обезбедиме негово присуство

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи, како што рече, само така може да се обезбеди негово присуство.

Бубевски рече дека не може да му се достави покана на Груевски и дека лидерот на опозициската партија примил само една покана, на 6 април 2017 година.

– Не успеавме да најдеме доставувач кој ќе му достави покана, ниту пошта, ниту ДХЛ. Сите други покани ги добило неговото обезбедување. Му испративме 10 покани на Груевски и поради неодговарањето на повиците, тој е обвинет за попречување на правдата – рече Бубевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се товари за три тешки кривични дела, меѓу кои и организирање злосторничко здружување.