Економија Бројот на туристите во август зголемен за 16,1 отсто во однос на...

Бројот на туристите во август зголемен за 16,1 отсто во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2015 година изнесува
168.851, а бројот на ноќевањата изнесува 722.624.

Бројот на туристите во август 2015 година е зголемен за 16,1 отсто во однос на август 2014 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14,7 проценти. Бројот на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 13 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,8 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 11,7 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 25 проценти.

Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2 проценти, а кај странските има зголемување за 14,2 проценти.

Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,3 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,4 проценти, а кај странските има зголемување за 11,7 проценти.