Економија Бројот на туристи лани поголем за 10,3 проценти во однос на 2014...

Бројот на туристи лани поголем за 10,3 проценти во однос на 2014 година

Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи има зголемување за 5,4 проценти, а кај странските има зголемување за 13,9 проценти.

Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,2 проценти, а кај странските има зголемување за 12,3 проценти.