Економија Бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на...

Бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година

Како што објавува Државниот завод за статистика, бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5 отсто, а кај странските за 14,2 отсто.

Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за девет отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6 отсто, а кај странските за 12,3 отсто.