Хроника Бројот на шасијата го покрил со метално парче

Бројот на шасијата го покрил со метално парче

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. (30) од Косово поради постоење основи за сомнеж дека фалсификувал исправа и дека употребил исправа со невистинита содржина.

Пријавениот го остранил оригиналниот фабрички втиснат број на шасија од патничко моторно возило „мерцедес“, кое е негова сопственост, и на негово место заварил метално парче со идентификационен број на шасија од друго возило, со намера да го употреби за возење. На излез од Македонија, при контрола и проверка на патните исправи и проверка на возилото, полициските службеници од полициската станица на Долно Блаце се посомневале во оригиналноста на бројот на шасијата, по што пријавениот бил приведен. Од судија на претходна постапка осуден е на една година условно за три години да не изврши кривично дело и протеран со пет години забрана за влез од Република Македонија.