Македонија Бројот на осудени лица, зголемен за 22,5 проценти

Бројот на осудени лица, зголемен за 22,5 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2014 година, во споредба со 2013 година, е зголемен за 7,3 проценти.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22,5 проценти, а  бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен, за 11,4 проценти.

Бројот на пријавени деца во судир со закон – сторители на кривични дела во 2014 година, во споредба со  претходната година, е намален за 3,3 проценти.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените деца во судир со закон – сторители на кривични дела е намален за 2,5 проценти.