Свет Британец се самоубил за да не го зароби ИД

Британец се самоубил за да не го зароби ИД

Британец кој се борел во Сирија, извршил самоубиство за да не дозволи да стане затвореник на Исламска држава, јавува „Би-би-си“.

Дваесетгодишниот Рајан Лок починал на 21 декември додека се борел со ИД околу упориштата на терористичката организација во Рака.

Се борел како волонтер за курдските вооружени сили.

Како што се наведува, пет борци паднале во заседа на ИД во селото Џабар, а тие покажале особен отпор пред да се убијат. По детална анализа е утврдено дека Британецот извршил самоубиство за да не падне во рацете на Исламска држава.

– Не постојат зборови кои можат да ја опишат ваквата храброст. Заслужува највисоки воени почести – рече курдскиот активист Марк Кембел.