Македонија „Брима Галуп“: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

„Брима Галуп“: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Брима Галуп“, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ.

За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5 проценти од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ – 12,4 отсто. Третото место го зазема ДУИ со 7,6 проценти поддршка, а четврта е ДПА со 3,5 отсто.

Според анкетата, премиерот Никола Груевски има најголема доверба од 21,4 проценти од граѓаните. На Зоран Заев доверба му дале 7,9 отсто од граѓаните. Следуваат Али Ахмети и Мендух Тачи, со 6,1 проценти и со 2,5 отсто доверба од граѓаните.

Дури 43,2 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, додека 19,9 отсто мислат дека тоа ќе биде СДСМ.

Анкетата на агенцијата „Брима Галуп“ е теренска, направена во периодот од 29 јуни до 5 јули 2015 година, на примерок од 1008 испитаници.