Македонија Борисов: Политичката криза да се реши по демократски пат

Борисов: Политичката криза да се реши по демократски пат

Македонија ја има поддршката на Бугарија за пристапување кон ЕУ и кон НАТО, изјави премиерот Бојко Борисов по средбата со лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, Зоран Заев, во Софија.

– Инсистираме по демократски пат да биде решена политичката криза и категорично сме против секакви разговори за федерализација на Македонија – изјави тој.

Борисов појасни дека на средбата беа присутни уште министерот за надворешни работи, Даниел Митов, и Јанаки Стоилов од опозициската БСП.

– Македонската власт и опозицијата треба да најдат заеднички јазик, како што бара Европа. Не се мешаме во внатрешните работи на земјата, но ни пречи што таму има политичка криза и тоа на нашата граница и тоа со еден народ, кој е најблизок на Бугарија. Ја организиравме средбата во присуство и на бугарската опозиција, за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и на десни кога станува збор за вакви проблеми – изјави Борисов по средбата со Заев.