Свет Свет Бомбардирани позициите на ИД во Сирија и во Ирак

Бомбардирани позициите на ИД во Сирија и во Ирак

Меѓународната коалиција предводена од САД изврши шест воздушни напади на позиции на екстремистичката сунитска организација Исламска држава во Сирија и 12 во Ирак, соопштија американските власти.

Како што јавуваат светските медиуми, пет од нападите се извршени во Кобане, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Сирија и Турција.

Пентагон соопшти дека неделава џихадистите се истерани од 90 отсто од деловите на Кобане, по четиримесечни борби меѓу курдските борци и припадниците на ИД.

Во Ирак нападите се извршени во близина на Ел Асад, Ел Рутбах, Монсул, Синџара и Тал Арафа. Цели биле положбите на тактичките единици на Исламска држава, згради, возила и складишта со муниција.