Македонија Бомба од 125 килограми пронајдена во населбата Цементара

Бомба од 125 килограми пронајдена во населбата Цементара

Авионски проектил од голем калибар бил пронајден при проширување на пат во близина на Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Првичните проценки се дека бомбата е со тежина од околу 125 килограми.

Екипи на ДЗС, како што информираат оттаму, се на терен и ги преземаат сите превентивни и безбедносни мерки, а евакуирани се и дел од жителите на населбата.

„Во согласност со стандарните оперативни процедури, Дирекцијата за заштита и спасување со свои стручни и обучени лица ги презема сите превентивни и оперативни безбедносни мерки. Обележан е и заштитен просторот околу проектилот, известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а воедно и МВР го обезбедува просторот, соодветно прописите за таа намена“, стои во соопштението на ДЗС.