Македонија Болниците во Штип, Битола и во Тетово ќе прераснат во регионални центри

Болниците во Штип, Битола и во Тетово ќе прераснат во регионални центри

Во регионални центри ќе прераснат клиничките болници во Штип, Битола и во Тетово. Во нив ќе бидат упатувани најголем број од пациентите што живеат надвор од главниот град.

Примената на оваа практика ќе почне од Клиничката болница во Штип, која се грижи за здравјето на 250.000 жители од источниот регион и претставува регионален центар на територијата на Источна Македонија.