Свет Припадници на Боко харам залапиле шест села во Нигерија

Припадници на Боко харам залапиле шест села во Нигерија

Припадници на исламистичката група Боко харам запалиле шест села на североистокот на Нигерија и убиле 37 лица во близина на нивното упориште во шумата Самбиса, јавуваат светските медиуми.

Ахмед Аџими, кој успеал да побегне, вели дека нападот се случил во средата навечер. Тој вели дека се убиени селаните кои неодамна се вратиле во своите домови, откако војниците на почетокот од годинава ги протераа исламистите од оваа област.

Повеќе од 700 заложници, од кои повеќето жени и деца, наводно, се ослободени во нападите на војската на Самбиса, која Боко харам во последните неколку години ја користи како база.

Според податоците на организацијата „Амнести интернашнел“, екстремистите од почетокот на годинава киднапирале најмалку 2.000 жени и девојчиња, од кои повеќето станале жртви на сексуално насилство.